Секое дете учи на свој начин
Тешкотиите во учењето не значат дека детето е мрзеливо или помалку способно. Проценката покажува каде е тешкотијата – внимание, перцепција, моторика или јазик – и како да се приспособи учењето.
Подготвеност за училиште
Пред уписот во прво одделение проценуваме когнитивна, емоционална, социјална и моторна подготвеност и даваме насоки за последните месеци пред училиште.
Оваа страница е информативна и не поставува дијагноза. Секое дете се развива индивидуално.
Што може да забележите
Знаци на кои вреди да внимавате
- Тешко ги учи буквите и гласовите
- Чита бавно или ги менува буквите
- Пишува неуредно и тешко го држи моливот
- Му треба многу повеќе време за домашните задачи
- Избегнува училишни задачи и брзо се откажува
- Ви се чини дека знае повеќе отколку што покажува
Јасен следен чекор
Како би изгледал првиот чекор?
Вашите забелешки
Разговор за возраста, секојдневието и прашањата што ве загрижуваат. Донесете конкретни примери.
Стручна проценка
Разгледување на потребите на детето и препорака за дополнителна проценка, ако е потребна.
План за поддршка
Објаснување на препораките и договор за следните чекори – во центарот и дома.
Прашања на родителите
Што најчесто ги интересира родителите?
Кога е најдобро да се направи проценка за подготвеност?
Неколку месеци пред уписот, за да има време за поддршка ако е потребна.