Учете со нас
Во КАЛИНКА имате можност да научите како да го стимулирате и поттикнете развојот на вашето дете во домашни услови. Научете кои активности можете да ги работите за детето целосно да ги искористи своите капацитети.
Теми
- Говор и јазик
- Фина и груба моторика
- Когниција и социјализација
- Емоции, граници и секојдневни рутини
Учење низ третманот
Едукацијата е организирана така што родителите присуствуваат за време на третманот и ги следат активностите на стручниот тим. Родителите можат да работат со детето под супервизија на нашите терапевти и да добијат насоки и повратни информации.
За кого?
За сите родители кои ги интересира развојот на нивното дете, за родители на деца со потешкотии во развојот, како и за стручни лица (воспитувачи, наставници).
Видови поддршка
Каква поддршка барате?
РОДИТЕЛИ
Психолошки работилници за родители
Мали групи, практични совети и простор за прашања.
Пријавете се →СТРУЧНИ ЛИЦА
Стручни работилници
За воспитувачи, наставници и стручни соработници.
Прашајте за термин →Првата средба
Што да очекувате?
Прв контакт
Се јавувате или ни пишувате; ве насочуваме кон соодветното стручно лице и договараме термин.
Запознавање и проценка
Разговор со родителот и набљудување на детето низ игра, во опуштена атмосфера.
План и следни чекори
Ги објаснуваме наодите и заедно договараме индивидуален план за поддршка.
Методи
Проверени методи и инструменти
- Работилници во мали групи
- Едукација на родителите за време на третманот
Прашања
Пред вашата прва средба
Како да дознаам кога е следната работилница?
Следете нè на Facebook или оставете ги вашите податоци преку формата за контакт.
Колку трае средбата и која е цената?
Средбите траат 45–60 минути. За актуелниот ценовник јавете се на 072 232 363 – ќе ви ги дадеме сите информации однапред.