Прескокни до содржината

ул. Франц Розман 2б, Влае, Скопје · Пон–Пет 08–20 ч.

Услуга

Работилници

Знаење што го носите дома.

Стручни работилници и психолошки работилници за родители: научете како да го поттикнете развојот на вашето дете дома.

Возрасен и дете заедно цртаат на хартија

Учете со нас

Во КАЛИНКА имате можност да научите како да го стимулирате и поттикнете развојот на вашето дете во домашни услови. Научете кои активности можете да ги работите за детето целосно да ги искористи своите капацитети.

Теми

  • Говор и јазик
  • Фина и груба моторика
  • Когниција и социјализација
  • Емоции, граници и секојдневни рутини

Учење низ третманот

Едукацијата е организирана така што родителите присуствуваат за време на третманот и ги следат активностите на стручниот тим. Родителите можат да работат со детето под супервизија на нашите терапевти и да добијат насоки и повратни информации.

За кого?

За сите родители кои ги интересира развојот на нивното дете, за родители на деца со потешкотии во развојот, како и за стручни лица (воспитувачи, наставници).

Видови поддршка

Каква поддршка барате?

РОДИТЕЛИ

Психолошки работилници за родители

Мали групи, практични совети и простор за прашања.

Пријавете се →

Првата средба

Што да очекувате?

  1. Прв контакт

    Се јавувате или ни пишувате; ве насочуваме кон соодветното стручно лице и договараме термин.

  2. Запознавање и проценка

    Разговор со родителот и набљудување на детето низ игра, во опуштена атмосфера.

  3. План и следни чекори

    Ги објаснуваме наодите и заедно договараме индивидуален план за поддршка.

Методи

Проверени методи и инструменти

  • Работилници во мали групи
  • Едукација на родителите за време на третманот

Прашања

Пред вашата прва средба

Како да дознаам кога е следната работилница?

Следете нè на Facebook или оставете ги вашите податоци преку формата за контакт.

Колку трае средбата и која е цената?

Средбите траат 45–60 минути. За актуелниот ценовник јавете се на 072 232 363 – ќе ви ги дадеме сите информации однапред.

Да започнеме со разговор

Контактирајте нè за информации или закажување прва средба – во центарот или онлајн.